Google Duplex е навистина инвентивен систем, а веќе самото размислување за тоа Assistant да резервира некој услуга за вас, и тоа додека го користи човеќкиот глас, е нешто што мора да ве воодушеви.
Колку повеќе технолошки гиганти инвестираат во AI и ML, тоа ќе станува поочигледно дека овие системи на крај ќе станат дел од нашата иднина, бидејќи системите како Google Assistant, на крајот би можеле да направат навистина многу за нас.
Целата идеја е дека асистентот би можел да се поврзе со повеќе независни услуги за да ви пружи информации врз основа на податоците што сте му ги дале со гласот. Попрецизно, Google Assistent би можел во еден момент да биде во можност да контактира повеќе услуги на возење, како што се Uber, Lift и други, за да провери колку брзо можете да дојдете до одредена локација, да ви ги каже резултатите и потоа да го почека вашиот одговор за да го резервирате автомобилот. Ова е само еден пример како асистентот би можел да ви ги олесни секојдневните обврски.
Јасно е дека Google предвидвидува иднина во која дигиталните помошници би биле дел од нашето секојдневие, но ова барем засега се уште е на ниво на патент.
Поврзани артикли