iPad Pro моделите од следната генерација наводно ќе поддржуваат 5G mmWawe технологијата видена на новата генерација iPhone 12 уреди во САД. Се очекува дека оваа технологија на пократка оддалеченост ќе понуди поголеми брзини отколку 5G под 6GHz. Новиот извештај сугерира дека Apple активно развива сопствен mmWawe AiP (антена во пакетот) за да го интегрира во поголем дел од своето портфолио, освен iPhone уредите. Иако оваа технологија оваа година им е понудена само на корисниците на iPhone 12 во САД, пошироко воведување на технологијата може да се види следната година.
DigiTimes во својот извештај се повикува на извори кои објавија на iPad Pro моделите што се очекуваат на пазарот во 2021. година би требало да нудат 5G поврзување со mmWawe поддршка. Ги цитира своите извори и тврди дека Apple би бил успешен во развојот на сопствените mmWawe AiP модули, а ова би можело да му помогне на гигантот од Купертино да ја донесе новата технологија и на другите производи – како iPad моделите од следната генерација. Иако во извештајот не е изразито истакнато дека iPad Pro ќе добие поддршка за 5G mmWawe, Apple традиционално го воведува врвните функции најпрвин во Pro серијата. Останатите iPad модели во портфолиото на Apple подоцна би требало да ја добијат оваа поддршка.
iPad Pro со mini-LED диспеј се очекува во првото тримесечје следната година
Поврзани артикли