Oppo X 2021 е концепт на паметен телефон што може да го прошири својот екран од 6,7 на 7,4 инчи, благодарение на флексибилниот екран и лизгачкиот механизам на моторен погон за негово одмотување. Ова е само импресивен технолошки демо уред, бидејќи компанијата нема краткорочни планови за производство на уреди за масовниот пазар со таков дизајн.
„Иако не постои план за негова комерцијализација во краток рок, овој уред ќе послужи како водич за трансформација и еволуција на идните фактори на обликот на производот. Комерцијализацијата бара истражување на пазарот и оправданост на бизнисот, а може да потрае некое време“, истакна компанијата.
Oppo можеби чека на развој на подолготрајни флексибилни уреди, бидејќи Oppo X 2021 користи пластичен екран, баш како и моментната понуда на преклопни производи, иако има „тврд капак“ за подобрување на трајноста (напомена: ултра тенко стакло, UTG се користи поради своите оптички својства и не е замена за засиленото стакло).
Растегливиот концепт на Oppo корсти екран произведен од BOE. Кинеската компанија не е единствена која работи на растегливи дисплеи – LG B Project пристигнува во март, а се работи за телефон со rollable екран, што ќе користи LG Display панел.
Oppo го објави првиот смартфон во светот со проширлив екран (ВИДЕО)