Иако iPhone пред неколку години премина на OLED екрани, Apple за својата iPad Pro линија се држи до LCD технологијата, но се подготвува и за Mini-LED дисплеи. Тоа, сепак, би можело наскоро да се промени, бидејќи протече информација дека Apple подготвува iPad Pro опремен и со OLED дисплеј, подоцна во текот на 2021. година.
Корејскиот извор од синџирот на снабдување, The Elec неодамна извести за некои промени во синџирот на снабдување на Apple. Според нивните извори, Samsung Display ја почнал обновата на една од своите производни линии за да произведе OLED екрани за идните iPad модели.
Причина за ова е тоа што Apple „барал помоќни спецификации“ за OLED кој ќе се користи во iPad од следната генерација, што се очекува да биде лансиран во втората половина на 2021. година. Samsung Display е редовен партнер на компанијата Apple, така што овие вести потврдуваат дека ова партнерство ќе продолжи и следната година.