Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според истражувањето на германските научници.

Двајца професори на Технолошкиот универзитет „Мителхесен“ (ТХМ) во Гисен го анализирале влијанието на прочистувачите и проветрувањето врз аеросолите, кои претходно биле распоредени во училницата со помош на вентилатор.

„Основниот заклучок е дека отворањето на сите прозорци три минути на надворешна температура од седум до 11 Целзиусови степени ја намалува концентрацијата на аеросоли дури 99,8 проценти“, се вели во соопштението на ТХМ.

Со употреба на четири преносни прочистувачи на воздухот, по 30 минути, во просторијата е измерена 90 проценти помала концентрација на аеросоли. Научниците исто така укажуваат и на бучавата при користењето такви уреди, како и на високите трошоци за набавка.