Поминаа 20 месеци откако е претставен Nokia 9 PureView телефонот (на фотографијата), а неговиот наследник се уште не е објавен. Најновите извештаи сугерираат дека тоа сепак би можело да се случи наскоро.

Меѓутоа, Nokia 9.3 можеби нема да биде претерано интересен уред, бидејќи гласините исто така укажуваат на тоа дека Nokia подготвува уште попремиум модел. Се очекува овој телефон да пристигне во текот на втората половина на 2021. година, како Nokia 10 PureView.

Извештајот тврди дека овој смартфон на Nokia ќе има рамка од нерѓосувачки челик, Sapphire glass дисплеј, а ќе го покренува Snapdragon 875 чипсет, што Qualcomm ќе го претстави на почетокот на декември.

Nokia 10 PureView би требало да поддржува и PureView камери со Zeiss оптика, но не е познат конкретниот број на камери што ќе се најдат на телефонот.