Се чини дека недостатокот на залихи веројатно нема да биде решен во скоро време, како што Извршниот директор на PlayStation неодамна го прокоментира проблемот, изјавувајќи „Се е продадено. Апсолутно е се продадено“.
Во интервјуто со директорот на Sony PlayStation, Џим Рајан, новото руско издание на TASS постави прашање за состојбата на продажба на PS5, на што Рајан одговори: „Се е продадено. Поминав поголем дел од минатата година пробувајќи да бидат сигурен дека можеме да генерираме доволно побарувачка за производот. А сега трошам многу повече време на обидите да ја зголемиме понудата за да ја задоволам побарувачката“.
Не изненадува дека производителот на конзоли има проблеми со снабдувањето, посебно бидејќи светот моментно минува низ глобална пандемија, која предизвика и ограничено производство во сите индустрии. Рајан изнесе свои размилсувања за лансирањето на конзолата во текот на сегашната ситуација, истакнувајќи: „Не би направил уште едно големо пуштање на конзолата среде глобална пандемија и не би му го препорачај тоа на никој друг“.