Бројот на заболени од коронавирусот и понатаму расте. Некои од заразените пациенти се соочуваат со сериозни последици од истиот.

Пописот е разновиден – од чувство на умор до опаѓање на косата. Докторите порачуваат – закрепнувањето е долго треба да имате трпение.

Пабло Агуилар бил заболен од Ковид-19, еден месец поминал на интензивна нега, а вкупно три месеци во болница.

Ова е сведоштвото на човекот од Шпанија кој што го победил коронавирусот, но со последиците се уште се бори:

„Долгорочните последици останаа… страшни се. Се заморувам многу, ми е страв да излезам на улица сам“, тврди тој. И, тој не е единствениот кој што се бори со последици: „Ќе дојде време за вечерата и мора да им кажете на децата: направете си тоа што можете за јадење затоа што мајка ви не може да стане од каучот“, раскажува медицинска сестра Еулаија Канела.

Не станува збор само за хроничен умор. Кај лекарите се јавуваат пациенти со потешкотии и по победата на Ковид-19.

„Луѓето кои што немаа потешки клинички слики, но им запира здивот по некаков напор, недостатоткот на воздух при поголемо физичко оптеретување се појавува имунилошка реакција како на пример лупење на кожата, опаѓање на косата“, објаснува анестезиологот Вера Томас.

Колку што е клиничката слика потешка толку и последиците се поистакнати.

„Луѓето кои што биле на респиратор подолго време, не можеме да кажеме дека тоа е трајно, но имаат сериозни проблеми, тоа е т.н. постинтензивен синдром во кој што тие имаат недостаток на воздух, пречки во помнењето и комуникацијата“, додава Иво Ивиќ.