Ковид-19 внесе страв меѓу луѓето, па експертите предупредуваат дека сигурно ќе има такви кои ќе ги почувствуваат проблемите со менталното здравје и по пандемијата.

Меѓу причините поради кои психолозите се загрижени кога станува збор за потенцијалните долготрајни последици, спаѓа и лекцијата од претходните пандемии и национални кризи.

Глобалната епидемија SARS од 2003 година довела до поврзаност со порастот на самоубиства за 30 отсто меѓу популацијата постара од 65 години.

Стратегиите како карантинот, кои се неопходни за максимално да се намали ширењето на вирусот можат да имаат негативно психолошко влијание, па така на пример да предизвикаат симптоми на посттраумски стрес, депресија и несоница.

Губењето на работата и финансиските трошоци во текот на глобална економска криза се поврзуваат со долготрајно пропаѓање на менталното здравје кај човекот.

Резултатите од една анкета која била правена во САД неодамна покажале дека половина од луѓето кои останале без работа или во текот на пандемијата им биле намалени платите, имале проблеми со нивното ментално здравје.

Психолозите истакнуваат дека непознатата природа и размерите на кризата поради коронавирусот само ја поттикнуваат неизвесноста во однос на претходните финансиски кризи.

„Веќе 20 месеци цело човештво поминува низ голем предизвик и речиси секој од нас се бори на свој начин. Природата и интензитетот на искуства, како и личните капацитети и механизми, соочувањата со стресот се последиците кои оваа пандемија ги остава.

Многумина изгубија некој свој близок, поминаа низ тешка борба со болеста или пак останаа без работа, а тоа може да се одрази и на текот на нивното закрепнување. Од друга страна некои во изминатиот период доживеале можност за помирен, попродуктивен или поквалитетен живот, се посветиле на семејството или сопствените потреби за кои претходно немале време. Секако, поголемиот дел од луѓето се адаптираа на оваа ситуација, развија нови начини на комуникација, подобра организација на времето, новите активности и навики, што придонело на поадекватен начин на регулирање на чувствата“, изјавила Адријана Влачиќ, психолог.