Lenovo го најави лансирањето на својата нова серија која ќе се појави паралелно со новите паметни телефони од Redmi Note 9 серијата, планирани за лансирање во Кина на 26. ноември. Се шпекулира дека Lenovo ќе ја врати својата Lemon серија на пазарот, а оваа палета на достапни смартфони би можела да се натпреварува со новите модели од Redmi Note 9 5G серијата, која пристигнува во Кина следната недела.

Најавата објавена на Weibo не ни пружа никакви посебни детали за новата серија смартфони на Lenovo. Сепак, прикажува три телефони со тенки рамки и вели „6 доаѓа“. Компанијата го објави и слоганот, што според Google Translate од кинески гласи „Три меча заедно“.

Интересно е дека Lenovo го претстави својот тизер само неколку часа откако Redmi во петокот ја објави поканата за Redmi Note 9 5G серијата на Weibo. Тизерот е дизајниран да изгледа како обратен Redmi повик.