Новите MacBook лаптопи со M1 ветуваат компјутерска револуција, ноде чини дека наведената револуција во целост е концентрирана во M1 чипот. Остатокот од лаптопот е речиси идентичен.
iFixit ги расклопи новите MacBook Air и MacBook Pro и ги спореди со моделите што ги покренува Intel. Како што можете да се уверите, тешко ќе забележите што е променето. Дури и вентилаторот во Pro mоделот е целосно иста компонента.
Зошто тогаш е многу потивок од Intel верзијата? Едноставно, Apple M1 е толку ефикасен што воопшто не му е потребен вентилатор, и кулерот на Apple оствари низок број на вртежи за да ја намали вревата.
На новиот MacBook Air не му е потребен вентилатор, па Apple го замени со алуминиумски блок, за да ја одвои топлината. Тука нема топлотна цевка, само обичен метален блок. Тоа е доказ на ефикасноста на M1 и доказ дека тоа е можно. Некои од постарите дизајни на Apple, оние со Intel процесори, имаа послабо ладење и страдаа од термичко прегревање.
Конечно, одблиску M1 чипот. Постојат две други компоненти кои му се позиционирани многу блиску – тоа е RAM меморијата, односно два 4 GB LPDDR4X чипа на компанијата SK Hynix. Ова е оптимален дизајн од инженерски аспект, бидејќи фреквенциските сигнали не сакаат да патуваат на големи далечини.
Последниот Intel што го покренува MacBook Air, исто така, имаше залемена RAM меморија, што секако не е мана, барем од аголот на компанијата. Инаку, овој дизајн со чипсетот и РАМ-от сместени заедно може да се види и кај iPad уредите.
Еден чип кој нема да го најдете во новите преносни компјутери на Apple е сигурносниот T2 чип. Повеќе не е потребен, бидејќи неговата функционалност е интегрирана во самиот M1.