WhatsApp е една од далеку најпопуларните апликации за размена на пораки. Апликацијата секојдневно ја користат милиони луѓе ширум светот. Но, наспроти тоа, новите функции се воведуваат побавно. Откако ги претстави функциите за исчезнувачки пораки и алати за управување со складирањето, WhatsApp сега тестира нови функции, како што се повеќе опции за wallpaper, исклучување на звукот на видеата и функцијата read later.
Забележани се и нови функции поврзани со позадините во неодамнешата бета верзија. Во иднина корисниците ќе можат да поставуваат различни позадини за секој чет поединечно, да ја уредуваат непроѕирноста на позадината, да бираат помеѓу 32 нови светли позадини, 29 нови темни позадини, прилагодени позадини и Solid Colors, и да ги применуваат WhatsApp Doodle опциите.
WhatsApp ќе овозможува и да го исклучите звукот на видеата, пред да му ги испратите на контактот.
Читање подоцна (Read later) е проширување на функцијата Vacation Mode, што беше забележана претходно. Идејата е архивираните разговори да се одвојат од главниот екран на разговорот и да се задржат таму дури и кога ќе стигнат нови пораки. Исто така, нема да добиете известување за овие нови пораки и за ова не треба да го стивнете разговорот. Ќе можете да подесите и дали разговорите со нови пораки да бидат вратени на главната листа на четот.
j