Вселенското летало на НАСА, поточно капсулата Орион, го собори рекордот поврзан со оддалеченоста од Земјата, и го искористи за фотографирање на Месечината и нашата планета.

Станува збор за фотографија која, како онаа од мисијата Voyager 1 наречена „Pale Blue Dot“, всушност е потсетник дека Земјата е само мала планета во огромниот космос.

Орион фотографирал на најголема или рекордна оддалеченост на вселенско летало од Земјата, што е 434.523 километри. Со ова беше срушен рекордот на мисијата Аполо 13, која во 1970 година достигна растојание од 400.171 километар.

Мисијата Artemis 1 ги надмина очекувањата на НАСА, веќе завршувајќи ја втората половина од своите активности, вклучувајќи ги и оние поврзани со враќањето на Земјата.

Орион се очекува да падне во океанот кај Сан Диего на 11 декември.

Инаку, програмата Артемис 1 ја погодија низа одложувања, а според сегашните прогнози, луѓето не би требало да слетаат на површината на Месечината до 2025 или 2026 година. НАСА првично се надеваше на слетување во 2024 година, но тоа нема да биде можно.

Од друга страна, моменталните перформанси на програмата се показател дека напорите на НАСА конечно се исплатат.