Иако неколку OEM производители за Android ги претставија своите решенија за камери под екранот во текот на последните неколку години, ZTE е моментно единствениот бренд кој нуди комерцијелн паметен телефон што ја содржи таа технологија. Меѓутоа, тоа веројатно наскоро ќе се промени, бидејќи решението на Xiaomi за третата генерација камери под екранот ќе стартува со масовно производство следната година. Но, ZTE и Xiaomi нема да бидат единствените две компании што ќе продаваат уреди со камера сензор под дисплејот. Samsung, исто така, работи на решение за камера под екранот, а би можело да дебитира следната година на Galaxy Z Fold 3.
Samsung го претстави оригиналниот Galaxy Fold на почетокот на минатата година и имаше впечатлив засек во горниот десен агол на главниот екран за селфи камерата. Компанијата потоа го лансираше Galaxy Z Fold 2 во септември оваа година, а во него имаше многу подобро решение – кружен отвор во екранот. Сега, според извештајот на ETNews, Samsung планира да ги подигне работите на повисоко ниво со помош на Galaxy Z Fold 3 и на уредот ќе го понуди своето решение за камера под екранот.
Извештајот открива дека решението на Samsung ќе користи посебен екран на компанијата, додека сензорот на камерата ќе биде набавен од одделението на LSI системот на Samsung Electronics. Заедно со специјализираниот хардвер, компанијата работи и на алгоритам за корекција на сликата, за да се подобрат подесувањата на камерата под екранот.
Извештајот напоменува и дека Galaxy Z Fold 3 ќе биде првиот уред на Samsung со камера под дисплејот.
Поврзани артикли