Најновите Apple компјутери со M1 процесор можат да покренуваат некои Windows апликации. MacBook лаптопите со M1 го поддржуваат CrossOver 20 за стартување на Windows апликации на macOS и Linux, но не го поддржуваат Boot Camp. Затоа може да се каже дека ова се одлични вести за оние што го користеа Boot Camp за стартување на Windows апликации на Mac компјутерите.
Најновата информација потекнува од програмерите на компанијата CodeVeavers, кои успеаја да ја стартуваат CrossOver 20 на новите MacBook преносни компјутери со М1 чип. Ова им овозможи покренување на широк спектар на Windows апликации. Уште повеќе, беа во можност да ги користат графичките перформанси на MacBook моделите со М1 за играње на игри како Among Us и Team Fortress 2.
Во објаснувањето, програмерите истакнаа: „Замислете – 32-битен Windows Intel бинарен систем, кој работи во bridge-uod 32 до 64 во Vine / CrossOver на macOS, на ARM CPU кој е спротивен на x86“. Во основа, CrossOver 20 ја користи технологијата Rosetta 2 за емулација на Intel бинарни фајлови на macOS за емулација на x86 бинарни фајлови на новите Mac лаптопи засновани на ARM.
Ова беше тестирано на најевтиниот Macbook Air и оперативниот систем Big Sur 11.1 и на него е инсталиран CrossOver 20.0.2. Меѓутоа, играњето на Team Fortress 2 покажува извесно заостанување во играта, односно не работи со најголема брзина на кадри. Но, забележително е и дека работи на основниот MacBook Air кој нема активно ладење и има 7-јадрен GPU наместо 8-јадрешниот што се наоѓа во поскапата верзија.