Huawei и Leica за прв пат се здружија за Huawei P9 уште во 2016. година, кога компанијата за камери, исто така, придонесе за обработката на сликите, дизајнот на корисничкиот интерфејс и дизајнот на модулот на камера. Оттогаш, видовме голем број водечки модели на Huawei склопени со делови на Leica.
Откако почнаа првите гласини дека истекол договорот за соработка, Huawei сега го демантира тврдењето дека е истечено партнерството меѓу двете компании. Поточно, кинеската марка рече дека тврдењето е „апсолутно лажна вест“.
Изворот на гласините е најчесто Weibo tipster Digital Chat Station, кој исто така тврди дека Leica била контактирана од други кинески производители на паметни телефони.
Leica беше контактирана за да ги потврди или негира гласините, но претставник на компанијата рече дека тие „немаат информации за раскинување на партнерството“.
Сите водечки модели на Huawei од 2016. беа објавени како дел од партнерството со Leica, што се совпаѓа со подемот на Huawei како важна фотографска алатка.
P9 веројатно ја стави оваа компанија на светската мапа, што се однесува до фотографијата, благодарение на неговиот супериорен систем на двојна задна камера (12MP камера + 12MP монохроматска камера). Другите паметни телефони објавени како дел од партнерството со Leica ги вклучуваат серија Huawei P20 (која први понуди нова генерација на ноќен режим) и серијата Huawei P30, во пакет со сензор за камера Sony RYYB за подобрени перформанси при слабо осветлување.
Најновите телефони Huawei Mate 40, исто така, имаат камера на Leica, а во сите рецензии Mate 40 Pro стои дека обезбедува фантастични слики. Затоа очекуваме и идните водечки модели да ја продолжат соработката со брендот Leica.
Извор: Benchmark.rs