Gmail наскоро ќе добие две нови поставки за исклучување на употребата на податоци кои му помагаат на Google да нуди паметни функции и искуство на персонализација. Овие нови подесувања ќе ви овозможат да ги оневозможите паметните функции, како автоматското сортирање на е-поштата во примарна, социјална и промотивна категорија, или паметно пишување додека пишувате мејлови, па дури и резиме на табовите кои се прикажуваат над е-пораките. Корисниците ќе добијат и можност да ги оневозможат функциите на персонализација, како Google asistent, кој ве потсетува на вашето следно плаќање на сметки или дури и ги поврзува на вашите патни пакети.
На својот блог, Google потврди дека овие две нови поставки ќе бидат објавени во Gmail во текот на следните недели. Овие нови подесувања контролираат дали вашите податоци во Gmail, Meet и Google Chat можат да се користат за пружање на „паметни функции“ во овие и други Google производи. Со оневозможување на овие подесувања ќе спречите Google да ги користи вашите податоци за да ви ги пружи овие лични искуства. Овие опции можат да се овозможат/оневозможат било кога во подесувањата на Gmail.
Ако изберете да не дозволите паметните функции во Gmail, Chat и Meet да ги користат вашите информации, нема да добиете автоматска категоризација на е-пошта во вашите примарни, социјални и промотивни сандачиња, нема да можете да користите паметно пишување нови пораки додека пишувате мејлови, нема да го видите резимето на вашиот таб за купување, резервации за патувања и следење на пакетот, ниту пак ќе има креирање настани во календарот од датумите и другите детали во е-поштата.