Samsung го најави глобалното лансирање на своите паметни монитори, кои се „do-it-all“ монитори што го комбинираат конвенционалниот PC екран со Samsung Smart TV искуството. Samsung M7 и Samsung M5 имаат можности за поврзување за компјутери и паметни телефони, матична поддршка за апликации на Microsoft Office 365 и другите апликации како што се Netflix, YouTube итн.
Smart монитор има многу опции за поврзување како што се Tap View App Casting, Apple AirPlay, Samsung DeX, заедно со традиционалниот HMDI 2.0 порт и USB Type-C порт, кој поддржува полнење до 65W. Мониторот поседува прилагодлива слика што може да ја прилагоди осветленоста и температурата на бојата и да го оптимизира квалитетот на сликата за било кое опкружување.
Поседува вградени WiFi можности кои обезбедуваат поддршка за Microsoft Office 365 апликациите без потреба за поврзување со компјутер, а функцијата за далечински пристап им овозможува на корисниците безжичен и далечински пристап до фајловите од компјутер или преглед на содржини од лаптоп. Во однос на „паметните“ карактеристики, мониторот има продавница за апликации во која можат да се инсталираат Netflix, HBO и YouTube.
Мониторот е достапен во два модела – UHD 32-инчен M7 и FHD M5, кој се испорачува во 32 и 27-инчни опции. Двата модела ќе бидат достапни од 16. ноември во САД, Канада и Кина, а подоцна ќе пристигнат во повеќе земји.