Сè повеќе информации говорат за тоа дека следната година нема да го видиме новиот Galaxy Note на Samsung.

Изворите тврдат дека Samsung во 2021 година ќе претстви четири Galaxy S21 модели, а тоа се S21, S21 Plus, S21 FE и S21 Ultra, како и три Galaxy Z уреди, вклучувајќи ги Fold 3, Z Flip 3 и Fold FE. Три од овие седум модели ќе го поддржуваат S Pen пенкалото, а тоа е дефинитивно сигурно за моделот Galaxy S21 Ultra.

Овие информации сами по себе не укажуваат на тоа дека нема да бидат претставени Galaxy Note 21 моделите, но изворите наведуваат недостаток на било какви информации за неговиот развој. Можното објаснување е фактот дека е прерано, но со оглед на тоа дека Fold 2 пристигна по Note 20 серијата оваа година, тоа е малку веројатна можност.