Фармацевтската компанија Moderna денеска објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти, а информациите се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање.

Ова е втора американска компанија што соопшти дека развила вакцина со висока ефикасност против COVID-19 за само седум дена. Претходно Pfizer информираше дека ефикасноста на нивната вакцина е нешто повеќе од 90 проценти.

Освен ефикасноста, друга важна работа се издвојува кај вакцината на Moderna – не бара чување на екстремно ниски температури, туку е стабилна на температури од два до осум степени 30 дена и може да се чува на температура од минус 20 во период од шест месеци.

Вакцината на Pfizer мора да се чува на минус 70, додека руската Sputnik V, која е ефикаcна 92 проценти, може да се чува на минус 18 Целзиусови степени.

Moderna дојде до овие резултати врз основа на тестирање на 30.000 волонтери, а се чека уште американското регулаторно тело за здравство да дозволи употреба на вакцините.