Аналитичката компанија Canalys ја претстави листата на најпродавани смартфони во третиот квартал од оваа година.
Не е големо изненадување дека на прво и второ место се уреди на Apple.
„Шампион“ во продажба е iPhone 11, со 16 милиони продадени уреди, додека втор по ред е iPhone SE (2020), кој беше продаден во околу 10 милиони примероци. Ова не е толку чудно, имајќи предвид дека е најевтиниот iPhone – чини само 399 долари.
Топ 3 го комплетира Samsung Galaxy A21s, што е „за влакно“ под моделот iPhone SE (2020).
На четвртото и петтото место се исто така телефони на Samsung – Samsung Galaxy A11 и Samsung Galaxy A51.
Most Shipped Smartphone Q3 2020 has a 720p LCD display with 60hz! No 48/64 Mp camera! No crazy fast charging. ( Am not at all against the Latest tech but my point is "a normal customer just wants a functional phone!" also on the list are SE 2020, Redmi 9, 9A, Samsung Ao1
Canalys pic.twitter.com/ZiHsgb6W7m
— Jt Jones (@jonesyoutubejt) November 11, 2020
Xiaomi Redmi Note 9/Redmi10x 4G го заземаат шестото место, Xiaomi Redmi 9 го зазема седмото место, додека Samsung Galaxy A31 е на осмото место според бројот на продадени примероци.
Во првите десет се и Xiaomi Redmi9A, како и Samsung Galaxy A01 Core.
Извор: B92.net