Американските научници дошле до ново сознание за коронавирусот. На маж кој го прележал Ковид-19, вирусот SARS-CoV-2 е пронајден сосема случајно на многу неочекувано место – во тестисите, иако на тестирањето бил негативен.
Мажите кои ќе се заразат со коронавирус имаат можеби и нови потенцијална грижа, бидејќи новото истражување објавено во научното списание World Journal of Men’s Health покажа дека Ковид-19 може негативно да влијае на нивната плодност.
Истражувањето е спроведено од научниот тим од Универзитетот во Мајами и откри дека Ковид-19 може негативно да влијае на плодноста кај мажите, баш како и сексуално преносливите болести.
Научниците ги проучувале примероците од ткивата на тестиси добиени со биопсија на шест мажи кои починале од Ковид-19. Всушност ги зачудил пронајдокот на коронавирост во ткивото на тестисите на тие мажи, но тоа не е сè.
Кај еден 28-годишен маж, кој не покажал никакви симптоми на Ковид-19, исто така, бил пронајден вирусот SARS-CoV-2 во неговите тестиси. Мажот бил тестиран за неплодност, па била извршена биопсија на тестисите.
Студијата, исто така, се обидела да открие колкава количина на вирусот е потребна за да се пренесе преку сексуален пат.
„Околу 20 до 30 проценти од мажите би можеле да имаат проблеми со плодноста некогаш во иднина“, објаснува др. Ранџит Рамасами, шеф на репродуктивната урологија на колеџот Милер на Универзитетот во Мајами.
Порача и дека мажите кои го прележале или се заразени со коронавирус, секако да посетат иролог, посебно ако почувствуваат болка во тестисите. Оваа болка заедно со другите симптоми би можела да биде индикатор дека вирусот навлегол и во тестисите на пациентот. Исто така, порачува мажите да направат и анализа на ејакулатот.
Поврзани артикли