Минатиот месец почнаа да се појавуваат извештаи за потенцијалната продажба на Honor, кој претставува повеќе буџетско одделение за паметни телефони на компанијата Huawei. Сега во новите извештаи се тврди дека продажбата е во тек, а купувач е кинескиот конзорциум предводен од компанијата Digital China, која моментно е одговорна за дистрибуција на Honor уредите во Кина, како и локалната влада на Шенжен.

Се наведува дека договорот е вреден 15,2 милијарди долари, што е четири пати повеќе отколку што беше предложено во оригиналниот извештај, а продажбата вклучува се од брендот, истражувањето и развојот со управувањето на синџирот на снабдување. Покрај Digital China, во купувањето би биле вклучени и три инвестициски компании, од кои секоја би имала сопственост помеѓу 10 и 15 проценти на издвоената компанија, која би се нарекувала Honor Terminal.

Американската влада воведе сериозни ограничувања за Huawei, што на компанијата и го направи речиси невозможно работењето со американските компании како Google и Qualcomm. Оваа продажба веројатно е наменето за одвојувањето на Honor дивизијата, со цел да не влијаат овие ограничувања на неа.