Недолго откако Google Pixel 5 телефонот се најде во продажба, сопствениците на овој модел ширум светот, на форумите побараа совет во врска со дизајнот на уредот – растојание што е забележано помеѓу екранот и телото на телефонот. Сега компанијата објави официјално соопштение во врска со тоа, бидејќи многумина бараа објаснување, гледајќи на ова како на голем проблем.
Според официјалниот одговор на официјалниот Pixel форум, тоа растојание не е дефект во дизајнот или пример на лоша завршна обработка. Напротив, дел е од дизајнот на телефонот, наведено е во објаснувањето кое да го составувал Apple.
„Имавме прилика да ги истражиме уредите кои ги ги испратија купувачите и заедно со нашите податоци за контрола на квалитетот од фабрика, можеме да потврдиме дека разликите во процепот помеѓу телото и екранот е нормален дел од дизајнот на Pixel 5“, истакна претставник на компанијата. Компанијата подоцна објасни дека тој отвор во никој случај нема да влијае на влегување на вода и прашина во уредот, односно IP68 рејтингот и натаму е важечки.