Популарната battle royale игра Fortnite, судејќи според се, ќе се врати на уредите со оперативниот систем iOS.
Меѓутоа, Fortnite не се враќа на начинот на кој очекуваат гејмерите, туку ќе биде можно да се игра преку cloud gaming услугата Nvidia GeForce Now. Оваа услуга се уште не е најавена за iOS, но BBC јавува дека официјалната потврда ќе пристигне пред празниците.
GeForce Now ќе работи преку веб браузерот Safari, а не како засебна апликација, бидејќи Apple воведе рестрикции кои се однесуваат на App Store. Услугата ќе овозможи стриминг на игрите на лаптопите, паметните телефони и другите уреди, кои инаку не би можеле да ја стартуваат. Моментно планот е претплатата да чини 5 долари месечно, но ќе постојат и целосно бесплатни периоди за играње.
Покрај тоа, Fortnite на овој начин би можел да изгледа подобро поради графиката, бидејќи би се стримал од PC.
Apple го блокираше Fortnite во август, откако програмерите од компанијата Epic додаде опција во апликацијата која нуди поповолни цени, а кои не го вклучуваат делот на Apple од 30 проценти. Двете компании оттогаш водат правна битка, Epic тврди дека Apple држи монопол на App Store и системите на плаќање, a Apple досега успеа да ја добие пресудата која му овозможува да го блокира Fortnite.
GeForce Now официјално излезе од бета и овозможува стриминг на игри на Windows PC, Mac, Chromebook, Android и Nvidia Shield streaming box. Ривали му се Microsoft xCloud, Amazon Luna и Google Stadia.
Поврзани артикли