Возниот парк на островот Астипалеа ќе стане целосно електричен
Volkswagen и грчката влада потпишаа меморандум со кој малиот остров Астипалеа ќе се претвори во рај за електрични автомобили. Договорот предвидува воспоставување систем за мобилност со соодветната инфраструктура.
На островот живеат околу 1.300 луѓе, но во текот на туристичката сезона го посетуваат над 70.000 туристи од целиот свет. Според проектот, 1.500 автомобили со традиционални мотори со внатрешно согорување ќе бидат заменети со 1.000 електрични автомобили. Ќе биде воспоставена и услуга за споделување возила, а локалниот превоз на патници исто така ќе се префрли на електричен погон.
Компаниите за изнајмување автомобили ќе започнат да нудат само електрични автомобили, како и електрични скутери SEAT и електрични велосипеди. Возилата на различните служби како брза помош, пожарна, полиција и други, исто така, ќе бидат заменети со целосно електрични возила.
Извор: Додај Гас