Американската вселенска агенција НАСА воспостави контакт со вселенското летало Voyager 2 за прв пат од март годинава.

НАСА откри дека успешно испратила команди до вселенското летало Voyager на 29 октомври користејќи неодамна подобренa сателитска антена од 43 станици за длабоката вселена. Инструкциите беа дел од тестирањето на новиот хардвер, вклучително и нов радиопредавател, кој не е заменет веќе 47 години.

Тимот што стои зад мисијата во изминатиот период доби нови научни податоци од Voyager, но не можеше да воспостави контакт со него.

DSS43 е дел од поголема интернет мрежа за длабоката вселена, која обезбедува комуникација со сите вселенски летала подалеку од Месечината. Сателитската чинија е само една од оние што се користат за комуникација со Voyager 2, оддалечен 18,7 милијарди километри.

Подобрувањата на DSS43 ќе бидат важни и за Rover Perseverance кога ќе слета на Марс на 18 февруари, како и за претстојните мисии на Месечината или евентуално мисиите за испраќање астронаути на Црвената планета.

Извор: Klix.ba