Кинеските научници планираат да изградат бази во длабочините на Јужното кинеско море, а со кои би управувале роботи и системи на вештачка интелигинеција.

Базата би можела да биде прва „колонија на вештачка интелигенција” на светот, а локацијата би требало да биде на околу 11 километри под површината на морето.

Замислено е да базата да постојат пристаништа како во вселенските станици, од кои роботските подморници би тргнувале во истражувачки мисии.

Таквите активности би биле повеќе од корисни, бидејќи водата зазема околу 70 проценти од површината на Земјата, од кои е истражен само 1 отсто, а најмногу поради тоа што човекот се досега немаше адекватна опрема, коа би му помогнала да се носи со тешките услови на големи длабочини.

Запознавањето со работите кои се случуваат на големи длабочини е од големо значење и би можело да помогне во разбирањето на климатските промени, откривањето на нови животински и растителни видови, дури и во пронаоѓање на нови лекови.

Во тоа значајно би можела да помогне и новата AI колонија, чија изградба ќе чини околу 160 милиони долари, за таа инвестиција, како што тврдат научниците, на крајот повеќекратно да се исплати.