Со најновиот скок, Edge се најде на второто место и го надмина Mozilla Firefox кој сега има удел од 7,22% на пазарот.
Со години наназад најпопуларни интернет прелистувачи беа Google Chrome и Mozilla Firefox. Во близина беа и останатите конкуренти, но не и доволно блиску за да ги загрозат првите два.
Со оглед на тоа што корисничката база на Internet Explorer речиси целосно исчезна, Microsoft мораше да преземе нешто, поради што беше креиран Edge на Chromium погон. Тоа се покажа како одличен потег на компанијата, затоа што е забележан раст на корисници, а истовремено пад на корисниците кај Google Chrome.
NetMarketShare, компанија која следи кои интернет прелистувачи се користат, открива дека Microsoft Edge има добар пораст во однос на претходниот период (8,84% удел на пазарот) и сега изнесува 10,22%. Со најновиот скок, Edge се најде на второто место и го надмина Mozilla Firefox кој сега има удел од 7,22% на пазарот.
Edge ја удвои базата на корисници во однос на истиот квартал од минатата година. Chrome и натаму има најголем број на корисници од дури 69,25%, но Chrome забележува благ пад од 0,69%. Надмоќта на Chrome може да се најде и во фактот што Android телефоните пристигнуваат со инсталирана апликација на интернет прелистувачот.
Од друга страна Microsoft истото го прави со Edge кај Windows оперативниот систем, но нема таков ефект на компјутерите каков што Google има кај паметните телефони.
Поврзани артикли