Huawei Nova 8 SE теелфонот е официјално претставен во Кина, а донесува значајни подобрувања на полето на дизајнот и спецификациите во однос на претходниот Nova 7 SE модел.
Nova 8 SE има 6.53-инчен OLED дисплеј, со FHD+ резолуција и поддршка за DCI-P3 спектарот на бои. За разлика од punch-hole екранот на Nova 7 SE моделот, Huawei Nova 8 SE користи дизајн со засек во дисплејот.
На полето на камерите се присутни 64MP (f/1.9) главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната стране е сместена 16MP селфи камера.
Интересно е дека Huawei го нуди Nova 8 SE во две различни варијанти кога се во прашање чиповите. Стандардниот модел користи MediaTek Dimensity 720 чип, додека помоќниот модел има Dimensity 800U чипсет. Двете верзии пристигнуваат со 8GB RAM и 128GB простор за складирање.
Батеријата со капацитет 3800mAh пристигнува со поддршка за брзо полнење преку 66W SuperCharge технологијата, која прв пат ја видовме на Mate 40 Pro моделот. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен под екранот.
На пазарот на Кина, цената на Huawei Nova 8 SE моделот изнесува околу 392 долара за верзијата со Dimensity 720 чип и околу 407 долари за Dimensity 800U моделот.