Dell го претстави UP3221Q 31.5-инчниот 4K монитор, со панел од течен кристал, кој е опремен со дури 2000 mini-LED позадински светла. Мониторот е првествено наменет за креаторите на содржини.
IPS панелот има осветлување од 1000 нита и VESA Display HDR 1000 поддршка, што му овозможува да произведува подлабоки црни и посветли бели нијанси. Спектарот на бои што е поддржан, вклучува DCI-P3 99,8 проценти, Adobe RGB 93% и BT.2020 83% отсто. Тука е и вградениот Calman колориметер, кој редовно ги калибрира боите на дисплејот.
Присутна е picture-by-picture (PbP) поддршка, shading hood што го намалува непотребното осветлување од опкружувањето, joystick control за флуиден OSD и друго.
Интерефејсот е опремен со поддршка за HDMI, DisplayPort, Thunderbolt 3 upstream, Thunderbolt 3 downstream, USB, како и можност за поврзување до два модела на овој монитор.
UltraSharp 32 HDR PremierColor мониторот (UP3221Q) е достапен по цена од 5000 долари.
Поврзани артикли