Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Amazon го отвори во Германија првиот европски центар за испорака на авио-пошта.

Центарот во Шкеудиц, близу Лајпциг, е отворен на почетокот на месецов и во моментов има закажани два лета на ден.

Amazon најави дека ќе вработи вкупно 200 работници за потребите на центарот.

Компанијата во моментов има повеќе од 70 авиони, а во центарот ќе ангажира два авиони Боинг 737-800, со кои ќе управува АСЛ ерлајнс. Клиентите на авиокомпанијата ги вклучуваат и логистичките гиганти FedEx Feeder и DHL Express.