Според новите извештаи, Xiaomi има во план да го оживее стариот дизајн од фотоапаратите – телескоп објективот. Кинеската компанија на Weibo страниците објави видео, прикажувајќи го овој дизајн во акција. Камерата физички се извлекува од телото на телефонот, а при тоа наводно ја подобрува изложеноста на светло за 300 проценти и јасноста за 20 проценти.
Според наводите на дојавувачот Digital Chat Station, кој го забележа овој новитет, споменатиот систем на камери со голем отвор на бленда имплементира единствена технологија на стабилизација на сликата и може да ја подобри осветленоста за 300 проценти. Нема информации за можностите на зумирање на оваа камера.
Физичкото издолжување на камерата е интересно решение. Поголем дел од камерите на модерните телефони се статични, и покрај тоа што ги нудат можностите на оптичко зумирање. Идејата на камерата во „point-and-shoot“ формат не е нова. Samsung во 2014. година го претстави Samsung Galaxy K zoom, но оваа идеја набрзо е заборавена.
Засега не е познато дали ќе видиме комерцијален производ што ќе имплементира вакво решение за камерата. Доколку Xiaomi успее да ја оствари својата замисла, би можеле да видиме пазар на телефони со нов тренд во доменот на камерите.
Поврзани артикли