Американската компанија Apple продава нов адаптер Belkin кој што има порт за полнење на телефонот, како и влез за слушалки.

Компанијата Belkin во септември „тивко“ ја претстави својата втора верзија од адаптерот Rockstar кој што поседува 3,5 мм влез за слушалки и Lightning порт. Минатогодишната верзија имаше два Lightining портови, па ако сакавте да користите слушалки, моравте да приклучите нов додаток.

Двојните додатоци не се проблем кога станува збор за лаптопите, но кога станува збор за паметните телефони, тие и не се баш практични.

Поради тоа, од Apple одлучија да го продаваат Belkin адаптерот со влез за полнење на телефонот и влез за слушалки по цена од 34,95 долари, што е за пет долари помалку во однос на моделот кој што има само Lightning портови.