Иднината е многу поблиску отколку што мислите. Кои нови технологии ќе ги видиме за една година? Кои за две? Ви пренесуваме неколку големи откритија, кои со малку среќа, ќе ни го подобрат светот.

1. Пристигнува глобалниот безжичен интернет

Над 50 отсто од руралните подрачја во Европа, Африка и во Азија и понатаму немаат квалитетен и брз интернет. Ако некогаш сте мечтаеле за тоа цел свет да има бесконечен безжичен интернет, имаме одлична вест. Грег Вајлер, основач на „OneWeb“, планира да го направи токму ова во период од десет години.

2. Во изработка е вакцина против сида

Светот го очекува тоа со децении. Научните достигнувања ќе овозможат надеж за создавање вакцина против сида. Научниците од Националниот институт за здравје успеале да создадат антитело што го напаѓа ХИВ од три вектори и тие развиваат вакцина што ќе ја уништи оваа опасна зараза. Ако работите одат како што треба, до крајот на наредната година вакцината ќе биде тестирана кај луѓе заболени од сида.

3. Google развива паметни контактни леќи

Се чини дека Google не гледа граници во светот на технологијата и во животот ни донесува работи за кои сме сонувале со години. Во соработка со фармацевтската компанија „Новартис“, Google веќе три години развива прототип за паметни контактни леќи. Леќите ќе можат да се користат за следење на нивото на гликоза, анализирајќи ги солзите.

4. Наредната година Кина планира да слета на темната страна на Месечината

Кина во 2016 година официјално почна со подготовка на нова мисија за истражување на Месечината. Кинезите планираат да го испратат леталото „Чанге-4“ на мрачната страна на Месечината. Колку за потсетување, ова мистериозно подрачје никогаш не било истражувано од луѓе.

Извор: Tportal.hr