Arctic Cooling го претстави своето „најмоќно водено ладење досега“, а во прашање е 420мм варијанта на Liquid Freezer II моделот. Кулерот им овозможува на корисниците исклучителни нивоа на ладење, по цена од 120 евра.
Благодарение на големиот 420mm (3 x 140mm) радијатор, Arctic Freezer 2 420 им испорачува на корисниците 50 проценти повеќе спроведување на топлината во однос на постоечкиот Arctic Freezer II 280mm кулер.
Arctic Freezer II ги поддржува сите модерни процесори и матични плочи, вклучувајќи ги Intel LGA 1200/115X/2011/2066 плочи и AMD’s AM4/AM3(+) дизајни.
Arctic интегрираше и мал вентилатор во cold plate, за да обезбеди дополнителен протоко на воздухот до плочата, подобрувајќи го дополнителното ладење. Овој вентилатор е PWM контролиран и може да се подеси на било која брзина, по потребите на корисниците.
Поврзани артикли