Новиот Oculus Quest 2 VR во претпродажба е нарачан пет пати повеќе од минатогодишниот модел. Марл Цукерберг го потврди тоа во тримесечниот финансиски извештај.
Цукерберг го означи лансирањето на Quest 2 уредот како „голем чекор напред во изградбата на следната компјутерска платформа“.
„Бев целосно импресиониран и возбуден од напредокот на нашите тимови на овој уред“ рече основачот и сопственик на Facebook. „Мислам дека новиот Quest 2 е неверојатен производ. Сакам да го користам и многу сум горд на работата што ја направивем со него“.
Сепак, би требало да се има во вид дека годинашниот Quest 2 е за 100 долари поевтин од минатогодишниот модел и чини 299 долари. Намалувањето на цената е еден од начините производ како VR headset да се популаризира. Програмерите на апликации, исто така, гледаат бенефити во новиот уред на компанијата Facebook, бидејќи и продажбата за нивниот VR софтвер порасна. На пример, Apec Construct студиото ја зголеми својата продажба осум пати во изминатата година.
Поврзани артикли