Германски малопродажен сајт го прикажа претстојниот премиум 17,3-инчен лаптоп, креиран за гејминг популацијата. Прикажана е Acer Nitro варијанта со се уште необјавениот AMD Ryzen 7 5800H процесор, кој има осум физички и 16 логички јадра, како и Vega интегрирана графика.

Покрај споменатиот процесор, лаптопот има и врвна Nvidia RTX 3080 графичка карта, која најверојатно ќе биде Max-Q верзија. Лаптопот има и 32GB 3200MHz DDR4 RAM и до 1TB NVMe SSD дискови.

Постои уште една варијанта, со послаби карактеристики, а се одликува со само 512GB NVMe простор за складирање Nvidia GTX 1650 графичка карта.

Најмоќната конфигурација е прикажана по цена од 1950 евра, се очекуваат и поевтини варијации во зависност од хардверот што ќе се користи во лаптопот. Acer Nitro пристигнува со 180W напојување.