Според извештајот на порталот The Verge, Microsoft овозможил поддршка во својата Excel апликација за променливи внесови на податоци во живо, што значи дека сега можете да направите формула во одредена табела, која според промените направени во моментот, ќе го менува и крајниот резултат во табелата.

Овој пристап функционира со помош на Power BI, софтверот на Microsoft за бизнис аналитика, со кој се поврзуваат податоците со Excel за бизнис корисници. Оваа услуга, која не е во целост пуштена во работа, најпрвин ќе работи во Excel за Windows за Microsoft 365 и Office 365 корисниците, кои исто така ја имаат и Power BI услугата.

Колку оваа функција добро ќе функционира, останува да се види, меѓутоа самата идеја да не се внесуваат рачно податоците по одредено време, туку со помош на формулата сами да се ажурираат, звучи прилично корисно.