Со тренирање на вештачката интелигенција врз основа на „најголемата база на податоци на кашлици што ни е позната“, AI може да препознае кашлање специфично токму за лицата заразени со SARS-CoV-2 вирусот.
До пристигнувањето на ефикасна вакцина на пазарот, односно доволен број на дози за барем најранливата популација, борбата против болеста Ковид-19 ќе вклучува класични епидемиолошки мерки, но и што повеќе тестирања за на време да се препознаат заразените лица. Со ниво рано пронаоѓање и изолирање, како и изолирање на контактите се спечува масовното ширење на епидемијата, но во нивното пронаоѓање голем проблем претставуваат асимптоматските случаи и оние со благи симптоми.
Додека за некои коронавирусот е смртоносен, многу заразени се асимптоматски или чувствуваат благи симптоми, па не се ни тестираат, ниту веруваат дека се разболеле. Денес од голема важност е секој напредок, благодарение на кој би можеле да се пронајдат заразените лица – на пример, од денеска во Македонија ќе бидат достапни брзите тестови, што ќе ги олеснат и забрзаат тестирањата.
Но, научниците од MIT пронајдоа начин на кој едноставно и без тестирање може да се препознае дали некој е заразен со коронавирус и тоа според начинот на кашлање на тие лица. Имено, научниците прво покренаа веб-страница на која луѓето можеле да го снимаат своето кашлање и ја добија „најголемата база на податоци на кашлање што ни е позната“. Врз основа на тие примероци, ги тренирале AI моделите за да можат да препознаат кашлица специфична само за короната. Во тоа, според неодамна објавените резултати, успеале и се покажа дека начинот на кој луѓето кашлаат може да се поврзе со коронавирусот, вклучувајќи го дури и вируост во почетен стадиум, а AI тн. коронакашлање успеала да го препознае со голема точност.
Исто така, вештачката интелигенција успеала да ја препознае и заразеноста на лицата кои се асимптоматски, односно кои немале температура, ни некои други симптоми, но само малку поткашлувале. Како што нагласуваат на TechCrunch, ова не е прв пат вештачката интелигенција да се користи за препознавање на болести на темел на кашлање, па со користење на слични методи, AI може да препознае воспаление на белите дробови, астма, па дури и некои невромускуларни болести.
Научниците од MIT соработуваат со неколку болници за да ја подобрат својата алатка, но работат и со приватните компании со цел развој на апликација, што би овозможила поширока примена на таа алатка, и се надеваме, голема помош во препознавање на заразените лица.