Чешката автомобилска компанија “Шкода” тестира нова функција во своите автомобили, која ќе му овозможи на сопственикот на автомобилот да го отклучи багажникот од далечина. Таквата можност ќе биде корисна при испораката на стоки.

Сите акции ќе се вршат од далечина преку паметниот телефон на сопственикот на автомобилот и мобилната апликација која „Шкода“ ја подготвува само за таа намена. Покрај тоа, тој ќе може да и ја даде на курирската служба и локацијата на возилото и нејзината регистрација.

Курирот така ќе може да ги достави стоките директно во автомобилот и да ги стави во багажниот простор. Задната врата потоа ќе се заклучи автоматски и сопственикот на автомобилот ќе добие известување на неговиот паметен телефон.