Погледнете го ова импресивно видео кое ќе ви покаже како изгледала монтажата на пластичната кровна конструкција на новиот фудбалски стадион во Мадрид.

На крајот на јули, официјално бea завршени работите на монтажа на покривот на стадионот Wanda Metropolitano во Мадрид. Оваа спортска арена, која всушност е изградена со реновирање на стариот атлетски стадион, ќе биде новиот матичен стадион на шпанскиот фудбалски клуб „Атлетико Мадрид“.

Кровот е составен од 96 радијални панели изработени од PTFE, односно полукристалнa полимернa пластика.

Покривот на стадионот е дизајниран од страна на Cruz y Ortiz Arquitectos со поддршка на инженери од германската компанија Schlaich Bergermann Partner.