Првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје се наоѓа на ул. Македонија во Скопје и работи 24 часа во денот, секој ден од годината.

Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки, кои работат 24/7. Во неа можете во кој било дел од денот да подигнувате или внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка.

Експозитурата нуди одличен комфор, постојано е под видео надзор и приспособена е за лица со посебни потреби. Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како клиентите на Комерцијална банка, така и клиентите на другите домашни или странски банки.