Софтверскиот гигант Microsoft вети дека ќе го унапреди својот Office за iPad претходно во текот на годината, а сега изгледа дека ажурирањата пристигнуваат во App Store за Word, Excel и PowerPoint.
Во Office за iPad сега може да се користи вградениот тракпад на Apple Magic Keyboard тастатурата за полесно да поминувате низ текстот, фотографиите и друго во Word, Excel и PowerPoint. Сега е лесно да се обележи текстот во Word, да се зголеми или намали големината на фотографиите и графиката во PowerPoint и да се изберат повеќе ќелии во Excel. Многу слично на она што е можно да се направи на PC или Mac.
Покрај тоа, Microsoft направи унапредувања и во користењето на апликацијата, па сега многу потечно работи. Унапредени се и почетните екрани на апликациите на Microsoft. Исто така, интернет гигантот планира да овозможи употреба на повеќе документи во Excel, да направи подобри менија и да овозможи офлајн поддршка за cloud фајловите. Во следните неколку недели, сите корисниците би требало да го добијат ова ажурирање.