Австралиските научници во текот на 3D мапирање на морското дно откриле гребен широк 1,5 километри, а висок повеќе од 500 метри, што го прави повисок од Емпаер стејт билдинг во Њујорк кој има дури 102 спрата.

Откриениот гребен се наоѓа на дното на епиконтиненталниот појас, но не е дел од Големиот корален гребен. Во горниот дел не е прекриен со тврди корали, туку со многубројни сунѓери и меки корали, што упатува на тоа дека ова подрачје е богато со нутриенти кои носат струја до длабоките води.

Камерите на подводниот робот кој го истражувал гребенот покажува дека исчезнале мноѓтво риби и ајкули.

Научниците од институтот Шмит оушн веќе неколку години го истражуваат океанот кој ја опкружува Австралија, но ова ново откритие би можело да им зададе уште долги години истражување.

Во раните истражувања снимиле ретки подводни организми познати под името сифонофор, кои може да бидат подолги од 40 метри, но и други видови кои мора да се истражуваат, како што се црните корали или сунѓерите.

Извор: Klix.ba