iPhone линијата на Apple моментно нуди максимално 512GB простор за складирање податцои, без можност за проширување преку microSD картички. Меѓутоа, на оние на кои 512GB им е премалку, повеќе среќа би можеле да имаат со iPhone 13 серијата.
Дојавувачот Џон Просер тврди дека Apple би можел да претстави iPhone модел со капацитет на складирање од 1TB. Не открива кои модели би можеле да ја добијат надградбата на 1TB, но со оглед на тоа дека iPhone 12 линијата само што е објавена, претпоставка е дека тоа се однесува на моделите од 2021. година, што се очекуваат како iPhone 13 серија.
Како што камерите секојдневно стануваат се помоќни и поспособни во креирање на фотографии со висока резолуција, HDR фотографии и 4K видеа, на корисниците кои постојано снимаат во највисока резолуција, просторот за складирање им се полни многу брзо, па капацитет од 1TB би им ибил од голема корист.
Секако, зголемувањето на просторот на 1TB би влијаело и на цената. Моментно,
512GB iPhone 12 Pro Max има цена од 1400 долари, така што моделот со двојно повеќе простор би чинел значително повеќе.