Instagram вчера вовоеде промени на својата платформа за американските корисници со цел да се спречи ширење на лажни вести за време на претседателските избори на 3. ноември.

Од вчера на Instagram за американските корисници привремено е укината опцијата за обележување и пребарување на содржини со ознака (хаштаг) „неодамна“.

– Тоа го правиме за да ги редуцираме потенцијално штетните содржини во реално време, што би можеле да се појават за време на изборите, се наведува во соопштението на Instagram.

Со „неодамна“ на Instagram се уредуваат ознаките по хронолошки ред и ги засилува содржините, што може да доведе до брзо ширење на лажни информации.

Претходно, Twitter најави дека ќе ги отстранува твитовите кои повикуваат на попречување на американскиот изборен процес или објавувањето на изборни резултати, вклучително и повиците нанасилство.