Има многу VPN сервиси што на корисниците им нудат енкриптирани интернет конекции, а на таа листа сега се најде и Google VPN. Сервисот постоеше и претходно, но само за Google Fi претплатниците на Android смартфоните. Компанијата најави дека VPN отсега ќе биде бесплатен за оние кои веќе плаќаат 2TB Google One cloud простор за складирање и живеат на подрачјето на САД.
Сервисот во следните месеци пристигнува и на iOS, Windows и Mac, како и во другите земји, но и натаму само со 2TB Google One план, што чини 9,99 долари месечно или 99 долари за една година. Така Google VPN на крајот не е целосно бесплатен – вистина е дека не се плаќа дополнителна сума, но неопходно е да се издвојат пари за cloud.
Новиот VPN е уште еден начин на кој Google пробува да ја „зачини“ својата cloud понуда. Откако во 2018. година компанијата ја намали претплатата за Google One планот, пристигнаа и други погодности – претходната во август оваа година, кога е објавено дека backup за iOS и Android ќе биде бесплатен.
Поврзани артикли