Above Avalon е аналитичка компанија што ги следи перформансите на компанијата Apple на пазарот уште од првиот iPhone. Според наводите на Neil Cybar, основач на аналитичката компанија, Apple стигнал до милијарда активни телефони во текот на 2020. година.
Стапката на раст на базата на iPhone корисници е забавена поради високата заситеност на пазарот. Во текот на последните три години, забележани се и помалку нови iPhone корисници. За 2020. година очекувањеата се дека 80 проценти од корисниците ќе го надградат постариот iPhone, а само секој петти телефон ќе биде во рацете на нов корисник.
Прогнозите укажуваат на тоа дека Apple ќе успее да достигне продажба од 250 милиони телефони заклучно со четвртиот квартал на 2021. година.
За да ја одржи силната продажба, Above Avalon сугерира дека Apple ќе мора да се фокусира на подобрување на технологијата на камерите, зголемувајќи ја вредноста на поседување на iPhone, како и функциите што може да ги извршува смартфонот.
Анализата на компанијата се завршува со прогнози дека Apple Watch наскоро ќе забележи две милијарди продадени примероци на паметниот часовник.
Поврзани артикли