Интересно е дека постои материјал кој вирусите и микробите ги уништува веќе при првиот контакт. Тоа би било навистина одлично, зарем не? Одморете ја фантазијата, таквите материјали веќе постојат, а моментно се тестираат и на вирусот SARS-CoV-2.

Сите досегашни научни студии покажаа дека новиот коронавирус е исклучително издржлив дизајн надвор од човечкото тело и да може долго да преживее на површините, поради што и брзо се шири меѓу популацијата. Дезинфекцијата на површината е исклучително битна. Британските научници развија многу интересно заштитно решение кое би можело да помогне – самодезинфицирачки површини.

Тим на научници од Универзитетот Queen во Белфаст направи материјали што ги убиваат заразните микроби веќе при самиот контакт и на тој начин можат да го спречат ширењето на заразата преку допирните површини.

Материјалите што ги направиле во себе имаат таканаречени фотосензибилизатори, на кои за ефикасно делување против заразните вируси и микроби им се потребни само кислород и светлина. Изложени на таквите услови, фотосензибилизаторите произведуваат високо реактивни молекули на кислород и предизвикуваат катастрофална штета во контактот со микробите што ќе се најдат на тој материјал. Изворот на светлина е небитен, односно доволно е површината на тој материјал да се осветли и со обична батерија за да се покрене погубна реакција за микробите.

Наведениот тим научници на овие материјали работи веќе со години, а веќе досега ја покажаат нивната ефикасност против бактериите. Откако изби пандемијата на новиот коронавирус, својата работа ја насочиле во ттој правец, за да ја истражат антивирусната ефикасност и за да видат далу може нивниот изум да помогне во спречување на ширењето на пандемијата.

 

Нивните материјали веќе се покажаа ефикасни против другите типови вируси, а за неколку месеци ќе имаме и конечен одговор на прашањето дали се погубни и за SARS-CoV-2 вирусот. Кога тоа би се потврдило и во комбинација со вакцината, крајот на пандемијата можеби и полесно би се наѕирал.

Сировините потребни за производство на тие материјали, кои се всушност премази од полимер и кои можат да се нанесат на поголем дел клучни допирни површини (кваки, дршки, работни маси, екрани осетливи на допир), се релативно евтини.

Тоа значи дека ако се потврди нивната ефикасност против SARS-CoV-2, тие би биле поефикасни и поевтини од некои антимикробски материјали кои се моментно на пазарот. Многу од нив го користат среброто како активна состојка, а среброто е значително поскапо од кислородот (кој во обликот во кој го користат наведените материјали е всушност бесплатен).